
Се зголемуваат шпекулациите дека Бруно Фернандеш може да го напушти стадионот Олд Трафорд. Медиумите разгледуваат кој би можел да го замени, и повторно е споменато името на еден фудбалер што настапува во Италија.
Се очекува Манчестер Јунајтед да ги насочи сите напори кон засилување на средината на теренот во наредниот летен трансфер период, особено ако клубот остане без Бруно Фернандеш.
Португалецот, кој е моторот на Тимот на црвените ѓаволи, има понуда од Ал-Хилал од Саудиска Арабија, и останува да се види дали ќе ја прифати.
Засилувањата се неопходни дури и ако тој остане, а како потенцијално засилување веќе подолг временски период се споменува играчот од средината на теренот на Аталанта, Едерсон.
Фабио Капело, славниот италијански тренер, го пофали Бразилецот претходно оваа сезона велејќи:
“Тој е надвор од овој свет поради способноста да комбинира трчање, физичка сила, техника и интелигенција”.
Од Аталанта, според информациите ја одредиле цената за Едерсн:
Тимот од Бергамо нема намера да го продава својот дијамант за помала сума од 42 милиони фунти, а така пренесува наведениот медиум.
Клучна улога во целата ситуација ќе одигра финалето на Европската лига. Ако Манчестер Јунајтед победи над Тотенхем и го освои натпреварувањето, тоа ќе им обезбеди учество во Лигата на шампионите и дополнителен мотив за сите играчи.
Фото: Manchester United/FB