Дома Фудбал Само една дилема има пред денешното последно коло во ПМФЛ!

Само една дилема има пред денешното последно коло во ПМФЛ!

Пред последното коло од Првата македонска фудбалска лига, остана нерешено само едно прашање – кој ќе го избегне баражот. Сè друго е веќе јасно.

Тетовска Шкендија и официјално е новиот шампион на Македонија, додека Силекс и Работнички си обезбедија европски визи преку пласманот во лигата. Нив ќе им се приклучи и победникот од финалето на Купот на Македонија, каде што во директна пресметка ќе се судрат Вардар и Струга.


На другата страна од табелата, Воска Спорт и Гостивар веќе се исфрлени. Останува неизвесна само борбата за избегнување на деветтото место кое води во бараж.

Во таа трка се Брера и Беса. Брера со 31 бод е деветта, а Беса со еден помалку е место подолу. Струмичани денеска на домашен терен ќе го пречекаат Работнички, кој нема императив за резултат, додека Беса ќе гостува кај Пелистер во Битола, уште една екипа без притисок.

Брера е во подобра позиција и сама си ја крои судбината, со победа е сигурна над линијата. За Беса, пак, патот е покомплициран мора да победи и да се надева дека Брера нема да слави.

Последното коло носи уште две средби: шампионот Шкендија ќе го пречека Силекс, а Тиквеш ќе се соочи со Струга. Сите натпревари ќе започнат денеска од 17:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешниот бразилски репрезентативец и фудбалер на Интер завршил на интезивна нега поради изгореници

Лусио е во тешка состојба. Поранешниот стопер на Баерн Минхен и Интер, кој освои многу тро…