Дома Останати Кошарка Видео Дебакл на шампионите Селтикс. Никси го слават првото финале на Истокот по 25 години

Видео Дебакл на шампионите Селтикс. Никси го слават првото финале на Истокот по 25 години

ЊУЈОРК НИКС со победата на домашен терен против Бостон Селтикс со 119:81 ја освоија серијата со вкупно 4:2 во полуфиналето на Источната конференција.

Ова е историски успех за Никс бидејќи со елиминацијата на актуелните НБА шампиони го изборија првото финале на Истокот по 25 години. Таму ги чекаат Индијана Пејсерс, а првиот натпревар е во среда.


Никс не победија во серија од плеј-офот на свој терен уште од финалето на Истокот 1999 година, па победата против Селтикс, беше бурно славена на трибините на Медисон Сквер Гарден уште од полувремето. Веќе тогаш беше јасно кој е финалистот.

Никси имаа неколку играчи во одлична форма. Џејлен Брансон, кој имаше три години кога Никс последен пат играа финале на конференцијата, постигна 23 поени со по шест скока и асистенции.

Ануноуби исто така постигна 23 поени и имаше девет скока. Микал Бриџес додаде 22 поени, а Карл-Ентони Таунс 21 поен и 12 скока. Џош Харт постигна 10 поени со по 11 скока и асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Лоши вести за Јокиќ и Денвер пред финалната битка со Оклахома

Арон Гордон е неизвесен за клучниот натпревар на Денвер против Оклахома. Според извори од …