Дома Фудбал Анхел Ди Марија се сели во нов клуб!

Анхел Ди Марија се сели во нов клуб!

Анхел Ди Марија ги информираше челниците на Бенфика дека не сака да го продолжи договорот.

Искусниот аргентински крилен играч нема да настапи ниту на Светското клупско првенство, па заминува од Бенфика без компензација, пишува „Рекорд“.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Крилниот фудбалер се простува од Бенфика и нема да патува во Соединетите Американски Држави, така што неговото збогување ќе се случи во финалето на Купот на Португалија.

Овој фудбалер веќе има 37 години и по две сезони ја напушта Бенфика.

За време на својата кариера играл за Росарио, Бенфика, Реал, Манчестер јунајтед, ПСЖ и Јувентус.

За репрезентацијата на Аргентина одигра 145 натпревари, постигна 31 гол.

Очекуваме го неговиот следен клуб…

Фото: S.L. Benfica/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го избра Влаховиќ, но Србинот е на прагот да постигне договор со друг гигант

Шпанскиот гигант Барселона веќе извесно време бара замена за Роберт Левандовски, бидејќи П…