Дома Фудбал Ѕвездата на Премиер лигата се соочи со уцена: Сакале да му одземат илјадници евра!

Ѕвездата на Премиер лигата се соочи со уцена: Сакале да му одземат илјадници евра!

Капитенот на Тотенхем, Сон Хеунг-мин, пријавил во полицијата во Јужна Кореја дека е жртва на уцена откако се појавила информација дека му се заканувала неименувана жена со лажна бременост.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Полициската станица во Гангнам, јужниот дел на Сеул, приведе жена на дваесетина години и маж на четириесетина години под сомнение за изнуда и обид за изнуда, соопштија од јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

Оваа жена наводно го контактирала Сона минатата година, тврдејќи дека го носи неговото дете и барала пари за да го држи тоа во тајност. Потоа, наведениот маж во март се обидел да изнуди пари од славниот фудбалер.

Агенцијата на Сон соопшти дека капитенот на репрезентацијата на Јужна Кореја е „жртвата во овој случај“.

Станува збор за фудбалер кој во 451 настап за Тотенхем постигнал 173 гола, а во клубот пристигна од Бајер Леверкузен во 2015 година.

Фото: Tottenham Hotspur/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатен потег на Енрике при враќањето во Париз, ги повика играчите на вечера, а потоа направи нешто неочекувано

Фудбалерите на ПСЖ се пласираа во големото финале на Лигата на шампионите и ќе имаат можно…