Дома Фудбал Победија со вкупни 6:0 и ја изборија натпреварот кој може да им донесе 150 милиони евра

Победија со вкупни 6:0 и ја изборија натпреварот кој може да им донесе 150 милиони евра

Фудбалерите на Шефилд Јунајтед се пласираа во финалето за влез во Премиер лигата, откако во полуфиналето со вкупен резултат од 6:0 го поразија Бристол Сити. Откако во првиот натпревар во Бристол победија 3:0, фудбалерите на Шефилд Јунајтед победија со истиот резултат и на својот Брамал Лејн, за вкупни 6:0. Стрелци беа Кифер Мур (41), Густав Хамер (52) и Калум О’Хер (83).

Шефилд Јунајтед ќе настојуваат да се вратат во Премиер лигата во финалето наредниот 24 мај на Вембли против победникот од натпреварот Сандерленд – Ковентри Сити. Во првиот натпревар Сандерленд на гостување победи 2:1, а реваншот на стадионот на Светлината е во вторник. Шефилд Јунајтед испадна од Премиер лигата на крајот од минатата сезона, откако оствари само три победи во 38 натпревари.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Оваа сезона завршија на третото место во Чемпионшипот зад Лидс Јунајтед и Барнли, кои автоматски се пласираа во повисок ранг. Самото влегување во Премиер лигата на клубовите им гарантира најмалку околу 150 милиони евра, без да се смета очекуваниот пораст од приходи како продажба на билети, сувенири итн.

Фото: Sheffield United F.C/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА бара зголемување на наградниот фонд за Светското првенство

УЕФА бара од ФИФА да го зголеми наградниот фонд и да пружи поголема поддршка со трошоците …