Дома Фудбал Ништо од Барса и Реал: Еден од најбараните дефанзивци го избрал новиот клуб

Ништо од Барса и Реал: Еден од најбараните дефанзивци го избрал новиот клуб

Џонатан Тах, откако Чаби Алонсо го потврди своето останување, најави дека по завршувањето на сезоната ќе го напушти Баер Леверкузен и кариерата ќе ја продолжи во друг клуб. И покрај напорите на клубот да го задржи, вклучувајќи понуда за продолжување на договорот, 29-годишниот стопер одлучи да ги одбие сите предлози и јасно порача дека летово ќе ја промени средината.

Се прости од навивачите на Леверкузен за време на натпреварот со Борусија Дортмунд, а во дресот на овој клуб ќе одигра уште само еден натпревар. За управата на клубот најголемиот проблем е фактот што Тах заминува без обештетување бидејќи договорот му истекува наскоро. Леверкузен го донел од ХСВ за приближно десет милиони евра и планираше да заработи околу 30 милиони од неговата продажба, но до трансфер нема да дојде.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Иако претходно најмногу се поврзуваше со Барселона и Реал Мадрид, сé укажува на тоа дека Тах кариерата ќе ја продолжи во Баерн. Според информациите на Себ Стафорд-Блор, германски дописник на „Д Атлетик“, преговорите со клубот од Минхен напреднале и договорот е скоро постигнат. Тах треба да потпише договор на три години, со можност за продолжување за дополнителни 12 месеци.

Одлуката да премине во Баерн ја донел по разговори со Винсент Компани, а според извори, не бил склон да замине во странство. Иако на почетокот на годината постигнал усмен договор со Барселона, контактот со Баерн и Реал довел до промена на планот. На крајот ја одбрал баварската екипа. Извори блиски до Барселона велат дека во тој клуб нема посебно незадоволство поради неговата одлука бидејќи се задоволни со моменталниот избор на централни браничи во составот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул и Арсенал се во најдобра позиција за Хаусен

Ливерпул и Арсенал се клубовите кои во моментов изгледаат како големи фаворити за привлеку…