Дома Останати Тенис Украинка не сакаше да пружи рака на најдобрата светска тенисерка, па доби „злато“ вредна лекција (Видео)

Украинка не сакаше да пружи рака на најдобрата светска тенисерка, па доби „злато“ вредна лекција (Видео)

Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка уште еднаш покажа дека на неа не остави никакви последици политиката и долгогодишната воена агресија на Русија врз Украина, иако често е на мета на противничките на теренот.

Белорусинката Сабаленка, која беше една од првите што јавно го поддржа мирот и се дистанцираше од воената агресија на Русија врз Украина, со години е во центарот на вниманието затоа што нејзините украински противнички не ѝ подаваат рака по дуелите.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Таков беше случајот и синоќа кога Сабаленка со 2:0 (6:1 и 7:6) ја победи Марта Костјук во осминафиналето на ВТА турнирот во Рим.

Костјук не сакаше да ѝ подаде рака на Сабаленка, инаку првата светска тенисерка, но тогаш Белорусинката покажа каква личност е и доби комплименти од спортската јавност.

Сабаленка од публиката побара аплауз за Марта Костјук, иако таа неколку секунди претходно не сакаше да ѝ подаде рака.

Тоа не предизвика бес кај Сабаленка, туку прво повика аплауз од публиката, а потоа и самата ја испрати противничката како што доликува во моментите кога официјалниот спикер го изговори името на Марта Костјук.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ доби нова улога заедно со најубавата спортистка на светот

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, и една од највлијателните спортистки на…