Дома Фудбал Каква легенда: Томас Милер денеска ќе стигнее до бројка какв што немал никој друг во германскиот фудбал!

Каква легенда: Томас Милер денеска ќе стигнее до бројка какв што немал никој друг во германскиот фудбал!

Томас Милер денес ќе влезе во историјата на германскиот фудбал и денес сè ќе биде во негов знак.

Баерн Минхен веќе ја прослави шампионската титула, која ја врати во своите витрини откако минатата сезона трофејот го освои Бајер Леверкузен, па денешниот натпревар со Борусија Менхенгладбах ќе биде посветен само на поздравот на Томас Милер.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Верувале или не, Милер успат ќе го оствари и 750-тиот јубилеен настап на еден официјален натпревар во дресот на Баерн, што никој никогаш досега не го постигнал во историјата на германскиот фудбал. 

Милер целата своја кариера ја помина на “Алијанц арената”, а за првиот тим дебитираше во 2009 година под водство на Луј ван Гал. Во следните години, Милер беше клучен играч на најсилниот Баерн Минхен во историјата и освои сите можни трофеи – дури 13 пехари од Бундеслигата, со две Лиги на шампиони, шест трофеи од Купот на Германија, осум трофеи во Суперкупот на Германија и уште два во Суперкупот на Европа и СП за клубови. 

Милер редовно беше решавачки во најважните натпревари, а за Баерн постигна 248 голови и оствари неверојатни 274 асистенции. 

Не треба да се заборави и дека со репрезентацијата на Германија го освои Мундијалот во 2014 година во Бразил, и денес влегува во историјата како еден од најзначајните германски фудбалери. 

Да потсетиме, големи се шансите Милер да ја продолжи кариерата во САД, а прв во редот е Лос Анџелес. 

Фото: Bayern FC/X

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гатузо најави заминување, па предложи нов тренер за Хајдук!

Хајдук беше блиску, а сега е далеку од титулата во Хрватска.  Има три бода помалку од Риек…