Дома Фудбал Челси на 28 мај може да испише историја: Ова не му успеало на ниту еден друг клуб!

Челси на 28 мај може да испише историја: Ова не му успеало на ниту еден друг клуб!

Фудбалерите на Челси ќе имаат можност на 28 мај во Вроцлав да напишат нови страници од фудбалската историја.

Тие ќе играат финале во Конференциската лига против Бетис, а ако победат ќе станат првиот клуб кој во своето сопствеништво ги има сите УЕФА трофеи.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Да потсетиме, Челси двапати ја освои Лигата на шампионите (2012 и 2021 година), двапати беше најдобар во Лигата на Европа/Купот на УЕФА (2013 и 2019 година), двапати славел и во згаснатиот Куп на победници на купови (1971 и 1998 година), а истата бројка ја има и во Суперкупот на Европа (1998 и 2021 година).

Сега е на чекор од трофејот на Конференциската лига, најмладото европско натпреварување, кое оваа година се игра по четврти пат.

Прашање е кога и дали Челси повторно ќе игра во ова натпреварување, бидејќи со амбициите „сините“ се клуб кој сакаат да бидат дел од Лигата на шампионите, па сега има голема шанса за подвиг.

Тука има и една “замка” која “сините” ќе треба да ја надминат. Шпанските тимови од 2001 година не изгубиле ниту едно европско финале, освен кога играле меѓусебно.

За Бетис ова ќе биде прво европско финале во историјата. Фото: Chelsea FC/X

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус подготвува голема понуда за Осимен

Јувентус е подготвен да понуди голема сума за доведување на Виктор Осимен, за да ги реши с…