Дома Останати Тенис Ѓоковиќ ќе се бори за пехарот во Женева

Ѓоковиќ ќе се бори за пехарот во Женева

Додека сè уште се шпекулира зошто Новак Ѓоковиќ не игра во Рим, што престојот во Соединетите Американски Држави само 20 дена пред Ролан Гарос значи за неговото учество на вториот гренд слем во сезоната, пристигнува вест дека Ѓоковиќ ќе учествува на турнирот во Женева.

Веста во петокот ја потврдија организаторите на турнирот кој оваа година ќе се одржи од 17 до 24 мај.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Новак играше и минатата година во Женева, а оваа година од организаторите доби специјална покана.

Што се однесува до самиот турнир, нема подобар начин да се одбележи десетиот јубилеен турнир, отколку да се учествува најтрофејниот тенисер во историјата.

Новак и минатата година за учество на турнирот доби специјална покана, а стигна до полуфиналето каде што во три сета беше поразен од Томаш Махач.

Во Женева ќе играат и Тејлор Фриц, Каспер Руд, Григор Димитров, Томаш Махач… Дури 17 играчи од топ 50 на АТП листата ќе бидат на турнирот кој се игра недела пред Ролан Гарос.

Фотографија: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ погоден од трагедијата: Како Србинот се збогуваше од трагично настраданата колешка (Фото)

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, беше првиот меѓу сите српски тенисери ш…