Дома Фудбал Барселона постигна договор со контроверзен агент поради еден фудбалер

Барселона постигна договор со контроверзен агент поради еден фудбалер

Изгледа дека Барселона влегла во „матна работа“ со контроверзен агент, и сето тоа поради англиска ѕвезда.

Маркус Рашфорд одлучи неговата кариера да ја преземе суперагентот познат по контроверзиите, Пини Захави.

Захави е подготвен да ги намали условите за неговиот фудбалер, но и неговите агентски барања за да му помогне на Рашфорд да го оствари својот сон.

Станува збор за тоа дека Рашфорд сака да ја засили екипата на Барселона, и тој трансфер би бил траен со напуштање на постојниот договор со Манчестер Јунајтед.

Камп Ноу е неговата најпосакувана дестинација и сосема сигурно Рашфорд би можел таму да продолжи со одличните настапи кои ги имаше во редовите на Астон Вила.

Екипата на Барселона и претходно размислуваше за Англичанецот, но секогаш сумите што Манчестер Јунајтед ги бараше за неговите услуги беа преголеми.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед во проблеми со младиот Џеј Џеј Габриел

Манчестер Јунајтед се соочува со компликации околу талентираниот Џеј Џеј Габриел, кој не с…