Дома Останати Кошарка ВИДЕО Пораз на Голден Стејт без Кари. Минесота израмни на 1:1 во серијата

ВИДЕО Пораз на Голден Стејт без Кари. Минесота израмни на 1:1 во серијата

МИНЕСОТА ТИМБЕРВУЛФС на свој терен го победи Голден Стејт Вориорс со 117:93 и ја израмни серијата на Западната конференција во плејофот на 1:1. Да потсетиме, Вориорс пред два дена започнаа со победа (88:99), но се повреди нивниот најдобар играч Стеф Кари, кој ќе пропушти најмалку три натпревара.

Минесота го искористи изостанокот на противничката ѕвезда и дојде до убедлива победа. Речиси целиот натпревар имаше двоцифрена предност. Голден Стејт во третата четвртина дојде на -7, но подобра закана од тоа не успеа да претстави за домаќините.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Џулиус Рендл постигна 24 поени и оствари 11 асистенции, додека Александер-Вокер и Ентони Едвардс имаа по 20 поени во победничкиот тим. Џонатан Куминга со 18 и Џими Батлер со 17 поени ги предводеа ослабените Вориорс, кои првиот кош го постигнаа по речиси пет минути од почетокот на натпреварот. Минесота дотогаш изгради предност од 13:0.

Дрејмонд Грин, еден од најдобрите играчи на Вориорс, доби петта техничка грешка во оваа плејоф сезона откако со лакот го удри Наз Рид непосредно откако Рид го фаулираше. Доколку добие уште две технички, Грин ќе биде суспендиран за еден натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дончиќ на натпреварот од АБА лигата се појави со скршен телефон и часвоник од 80.000 евра

Словенечките медиуми сè уште зборуваат за појавувањето на Лука Дончиќ на натпреварот од АБ…