
Англискиот напаѓач Маркус Рашфорд, кој оваа сезона ги брани боите на Астон Вила, повторно се обидува да го привлече вниманието на Барселона, открива добро информираниот фудбалски новинар Фабрицио Романо.
Според извори блиски до ситуацијата, Рашфорд е сериозен во својата намера да премине во редовите на каталонскиот клуб и дури е подготвен да направи финансиски отстапки – вклучително и намалување на својата плата – за да го оствари трансферот.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Во текот на актуелната сезона, офанзивецот настапи на 41 натпревар за Вила, при што забележа 11 погодоци и девет асистенции, потврдувајќи ја својата вредност како напаѓач со брзина, креативност и искуство на меѓународната сцена.
Фото: Принтскрин