
Иако испадна во полуфиналето на Лигата на шампионите од Пари Сен Жермен и ја изгуби шансата за освојување на сите трофеи оваа сезона, тоа сепак нема да го чини работата тренерот на Арсенал, Микел Артета.
Ова е заклучокот кој го донесе управата на клубот по испаѓањето од Лигата на шампионите, пренесуваат британските медиуми. Шпанскиот стручњак, кој го доведе Арсенал на врвот во англискиот фудбал, ќе остане тренер на клубот и во следната сезона.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Неговиот Арсенал чудесно го исфрли Реал Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампионите со две големи победи, но потоа доживеа два пораза од ПСЖ во полуфиналето на истото натпреварување. Парижаните прво славеа во Лондон со резултат 1:0, а потоа синоќа и на нивниот терен со резултат 2:1.
Управата на Арсенал му даде поддршка на Артета и покрај неговата “суша” со трофеи во последниве години. Сепак, како што пренесува Дејли Мејл, заклучокот на челниците на лондонскиот гигант е дека Артета “треба да го почувствува притисокот”, но дека тој е сигурен во својата работа сè уште и дека неговото отпуштање во блиската иднина не е опција.
“I don’t think there’s been a better team in the competition so far”
— Football on TNT Sports (@footballontnt) May 7, 2025
Mikel Arteta speaks on the progress of his Arsenal team, and believes they’ve been the best team in the Champions League despite losing to PSG 💪
🎙@Becky_Ives_ | 📺 @tntsports & @discoveryplusUK pic.twitter.com/KeiXX3PAtu
“Артета направи значителен напредок, но потроши многу, повеќе од 650 милиони евра. Под негово водство Манчестер Сити и Ливерпул освоија титули, а борбите на Арсенал за трофејите се помалку и помалку успешни. Го доведе Арсенал од осмото место во првата сезона до денешното полуфинале на Лигата на шампионите, но мора да се врати на патот на победите,” наведува извештајот на Дејли Мејл за одлуката на управата на клубот.
Артета, по доаѓањето на клупата на Арсенал, успеа да освои само еден ФА Куп. Клубот го презеде во 2019 година, а веќе во првата сезона го освои најстарото натпреварување во светот, но по тоа следеше голема “суша” со трофеите.