Дома Фудбал Jувентус одлучил: Ова е цената за Влаховиќ!

Jувентус одлучил: Ова е цената за Влаховиќ!

“Старата дама” ќе ја намали цената за српскиот напаѓач и е подготвена да слушне понуди дури и под 40 милиони евра.

Влаховиќ дојде во Јувентус во јануари 2022 година со трансфер вреден 83,5 милиони евра.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Торинскиот клуб го донесе од Фиорентина како гаранција за голови, а тој постигна 55 голови во 139 одиграни натпревари.

Во тековната сезона на Серија А постигна девет голови и четири асистенции во 26 настапи, а вкупно 14 на 38 натпревари, со пет асистенции.

Тренерот на Јувентус, Игор Тудор, има високо мислење за Влаховиќ, но 25-годишникот одбива да го продолжи договорот со клубот, пренесува Тутоспорт.

Тековниот договор му истекува на крајот од јуни следната година, па Јувентус не сака да остане без обештетување, со оглед на тоа дека има многу заинтересирани клубови.

Најчесто се споменуваат англиските премиерлигаши, пред сè големиот Манчестер Јунајтед, но и Њукасл, кој најверојатно на лето ќе бара нов голгетер бидејќи се очекува Александар Исак да се пресели во Ливерпул.

Од друга страна, Јувентус на лето ќе треба значително да го освежи играчкиот кадар, особено во нападот, па му се потребни средства од трансферот на Влаховиќ.

“Старата дама” три кола пред крајот на сезоната се бори со Рома, Лацио и Болоња за последното, четврто место кое од Калчо води во Лигата на шампионите.

Фото: Juventus FC/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милинковиќ-Савиќ се враќа во Серија А

Милинковиќ-Савиќ пред две години беше еден од најбараните играчи за врска во Европа, но то…