Дома Фудбал Енрике: Ние сме од Селска лига. Затоа ги победивме сите англиски клубови

Енрике: Ние сме од Селска лига. Затоа ги победивме сите англиски клубови

ПСЖ се избори за финалето на Лига на шампиони така што и во возвратниот натпревар на свој терен го победи Арсенал. Откако го совлада 1:0 во Лондон, славеше 2:1 на својот Парк на принцовите и отиде во финале. Таму го чека Интер, а натпреварот за титула се игра на 31 мај во Минхен.

ПСЖ до финалето го реши дури четири англиски клубови. Во главната, лигашка фаза, го победи Манчестер Сити со 4:2. Потоа во сите три нокаут рунди ги нареди англиските великани. Во осминафиналето го елиминираше Ливерпул, во четвртфиналето Астон Вила и сега во полуфиналето Арсенал.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Луис Енрике, тренерот на ПСЖ, по натпреварот вака одговори на барањето за коментар на тој успех: „Ги победивме сите четири клуба од Премиер лига со кои игравме во Лига на шампиони? Ние сме од Селска лига, знаете? Ние сме од Лига на селата“.

Зошто Англичаните француското првенство го нарекуваат Селска лига?

Тренерот на ПСЖ саркастично одговори на оваа прашање бидејќи во Англија француската лига често се нарекува Селска лига/Лига на селата („Лига на фармери“), за да се нагласи дека не е компетитивна и силна и дека е неатрактивна, полна анонимни клубови и играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиол: Идол ми беше Рамос, а инспирација – мојот татко!

Манчестер сити успеа да ја прекине серијата на лоши резултати и по два месеци без пораз да…