Дома Фудбал Заврши бајката на Арсенал: ПСЖ се пласира во финале на ЛШ (Видео)

Заврши бајката на Арсенал: ПСЖ се пласира во финале на ЛШ (Видео)

Со победата од 2-1 против Арсенал во реваншот, ПСЖ ја потврди предноста од првиот натпревар и обезбеди пласман во големото финале, враќајќи се таму по пауза од пет години. Ова ќе биде нивно второ финале во историјата на најелитното клупско натпреварување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фабиан Руис го отвори резултатот во 27. минута со вистински европски погодок – со прецизен волеј го совлада голманот на Арсенал, Раја. „Топчиите“ беа речиси незабележливи во првото полувреме, а ни вториот дел не донесе значајно подобрување во нивната игра.

Во 69. минута ПСЖ доби можност преку пенал да го зголеми водството, но Витиња ја испушти шансата – неговиот слабо изведен удар лесно беше одбранет од Раја. Сепак, само три минути подоцна, Ашраф Хакими ја искористи мешаницата во шеснаесетникот на Арсенал и со сигурен удар ја смести топката во мрежата, носејќи предност од 2-0 за ПСЖ.

Токму тој погодок беше аларм за Арсенал конечно да реагира. Во 76. минута, Букајо Сака намали на 2-1 и внесе доза на драма во завршницата, но тоа беше сè што успеаја да направат гостите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …