Дома Фудбал Педри побара од УЕФА да го истражи судењето на Марчињак

Педри побара од УЕФА да го истражи судењето на Марчињак

Средниот бек на Барселона, Педри, стана следниот од каталонскиот табор, кој го изрази своето незадоволство од судењето на Шимон Марчињак на вчерашниот реванш од полуфиналето на Лигата на шампионите против Интер.

Според шпанскиот репрезентативец, сите спорни одлуки на “Сан Сиро” биле во полза на “неразурите” и побара од УЕФА да ги разгледа одлуките на Полјакот, кој не првпат ја оштетува Барса. Во сличен контекст се изјаснија и Ханзи Флик и Ерик Гарсија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


“Ова не е првпат да ни се случува ова со овој судија. Мислам дека УЕФА треба да го разгледа неговото судење. Има нешта што се тешки за објаснување. Имаше многу ситуации. Секоја спорна одлука беше во нивна полза, а кај пеналот против Ламин, кој подоцна беше досуден како слободен удар, тој не му даде жолт картон на Мхитарјан, што ќе беше втор за него”, изјави Педри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…