Дома Останати Кошарка Кари се повреди. Вориорс без него поведоа 1:0 против Минесота

Кари се повреди. Вориорс без него поведоа 1:0 против Минесота

ГОЛДЕН СТЕЈТ ВОРИОРС со гостинска победа поведоа 1:0 против Минесота Тимбервулвс во втората рунда од плејофот. И покрај тоа што најдобриот играч Стеф Кари се повреди во раната фаза од натпреварот, Вориорс успеаја да победат со 99:88.

Кари се повреди

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кари излезе од игра по помалку од 13 минути на теренот откако почувствува болка во задната ложа. Иако се верува дека повредата не е сериозна, тренерот на Вориорс, изјави: “Дефинитивно сметаме дека нема да може да игра во четврток. Сè уште не знаеме, но кога е задната ложа во прашање, тешко е да се замисли дека ќе може да игра.”

Голден Стејт и без Кари одигра одличен натпревар во кој стекна предност во втората четвртина и не ја испушти. Гостинската предност во третата четвртина достигна до 23 поени, а Минесота во последниот период успеа само да го ублажи поразот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Потрес во НБА: Јанис замина од Милвоки, познато и каде продолжува!

Јанис Адетокумбо ја напушти екипата на Милвоки Бакси и се сели во тимот на Мајами Хит. Как…