Дома Фудбал Спектакл каков не се памети, Интер е во финале

Спектакл каков не се памети, Интер е во финале

Интер и Барселона одиграа легендарно полуфинале со 13 гола и на крајот Интер се пласира во финале со вкупни 7:6.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Интер имаше предност на полувреме од 2:0, но Барселона фуриозно го започна второто полувреме.

Најпрво Ерик Гарсија намали на 2:1, а неколку минути подоцна Дани Олмо израмни на 2:2. На пет минути до крајот Рафиња погоди за комлетен пресврт од 2:3.

Кога се очекуваше дека Барса ќе оди во финале, Ачерби во 93-та минута постигна гола за продолженија.

Во продолженијата Барса имаше многу шанси, но Интер преку Фратези постигна гол за 4:3 и пласман во финале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите на БиХ направија „лудница“ пред натпреварот на СП (Видео)

Втор е денот од Светското првенство. Како и првиот ден, ќе се одиграат два натпревари. Прв…