Дома Фудбал Рекордна заработка: Во Интер задоволно ги тријат рацете пред реваншот со Барса

Рекордна заработка: Во Интер задоволно ги тријат рацете пред реваншот со Барса

Се очекува „лудило“ на трибините во реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампиони во Милано помеѓу Интер и Барселона, а во италијанскиот клуб веќе денес ги тријат рацете кога се зборува за заработката од продажбата на билетите.

Фудбалерите на двата тима со спектакуларен резултат во првиот натпревар (3:3) ја подигнаа атмосферата до вриење, а навивачите на Неразурите најавија кореографија за паметење.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Бараше се билет повеќе, а стадионот „Џузепе Меаца“ одамна е распродаден (максималниот капацитет е 80,018 места).

Нема дилема дека двата клуба сонуваат и посакуваат да се пласираат во финалето, а италијанските медиуми пренесуваат дека во Интер веќе можат да бидат презадоволни кога се зборува за заработката. Само од продажбата на картите црно-сините ќе инкасираат 14 милиони евра што е рекордна заработка во италијанскиот фудбал.

Се разбира, заработката ќе биде уште поголема кога ќе се додадат приходите од реклами, ТВ права и сѐ друго. Па ако и стигнат до финалето…

Реванш натпреварот започнува од 21 часот и може да го следите во живо во блогот на Спорт клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инѕаги горд на своите фудбалери: Ова беше Супер Интер

Тренерот на Интер, Симоне Инѕаги, изјави дека е горд на играчите и истакна дека неговиот т…