
Одлуката на Трент Александер-Арнолд да го напушти Ливерпул на крајот од сезоната предизвика бура меѓу навивачите на клубот.
Откако објави дека нема да го продолжи договорот еден навивач во знак на протест го запали неговиот дрес, а снимката брзо стана вирална, па по неговите чекори тргнаа и други навивачи.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Александер-Арнолд, кој е во клубот од шеста година, истакна дека ова е најтешката одлука во неговиот живот, но дека сака нов предизвик и личен раст.
Во текот на кариерата во Ливерпул, одигра 352 натпревари и освои осум трофеи, вклучувајќи две титули од Премиер лигата и Лигата на шампионите.
Навивачите се поделени – додека едни ја разбираат неговата одлука, други го обвинуваат за предавство.
Liverpool taraftarları Trent Alexander-Arnold'un formalarını yakmaya başladı.pic.twitter.com/ZbL2BcUZCf
— Orta Saha (@ortasahahaber) May 5, 2025