Дома Фудбал Taжна вест од Аргентина: Почина поранешен светски шампион

Taжна вест од Аргентина: Почина поранешен светски шампион

Луис Адолфо Галван, поранешен фудбалски репрезентативец на Аргентина и член на шампионската генерација од 1978 година, почина во 78-та година по долгата борба со тешка пневмонија.

Галван беше хоспитализиран повеќе од еден месец поради компликации предизвикани од инфекција и пневмонија, а информацијата за неговата смрт ја потврди семејството.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Најголема трага во клубската кариера остави играјќи за Талјерес од Кордоба, каде што настапуваше од 1970 до 1982 година и повторно од 1986 до 1987 година.

Во текот на кариерата играше и за Лома Негра, Белграно од Кордоба, Централ Норте и Боливар. Фудбалскиот клуб Талјерес за кој одигра 503 натпревари се прости од Галван со порака на социјалните мрежи.

– Збогум, Луис. Со голема тага известуваме дека не напушти Луис Адолфо Галван, икона на клубот и светски шампион со Аргентина во 1978 година. Нашите мисли се со неговото семејство и најблиските. Почивај во мир – соопшти клубот.

Се огласи и Фудбалскиот сојуз на Аргентина.

– Федерацијата изразува длабоко жалење поради смртта на Луис Галван, дефанзивецот кој во 1978 година ѝ донесе светска титула на Аргентина. Беше столб на Талјерес, со дури 503 одиграни натпревари во текот на 17 сезони – наведено е во соопштението.

Фото: Screenshot/YouTube
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вирц донел одлука, веќе го информирал Чаби Алонсо

По пет години во Бајер Леверкузен Флориан Вирц веќе донел одлука да премине во Бајерн (Мин…