
Одбранбениот играч на Интер, Алесандро Бастони, зборуваше пред утрешниот полуфинален реванш на домашен терен со Барселона во Лигата на шампионите. Првиот натпревар беше вистинско спектакл, бидејќи двата тима завршија со резултат 3:3.
„Гледавме многу видеа на Барселона, но играњето против нив е поинакво искуство. Направивме неколку грешки во додавањата, кои доведоа до шанси за гол. Можеме да подобриме многу работи и ќе научиме од првиот натпревар. Потенцијално сме на два натпревари од освојување на Лигата на шампионите и ќе дадеме сè од себе.
Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓
„Ламин Јамал е најсилниот играч со кој некогаш сум се сретнал. Восхитен сум од нивото што го постигнал и благодарение на неговата способност да создава шанси, тој е најдобриот“, започна дефанзивецот, кој не ги штедеше пофалбите за противникот.
„Ќе има моменти во кои ќе страдаме доста, бидејќи играта на Барселона води до тоа. Во тие моменти ќе биде потребна поддршката од сите навивачи на „нералдзурите“. Навивачите ќе треба да бидат страсни, но ние треба да останеме прибрани. Никој не не смета за фаворити за освојување на овој турнир, но ние сме исклучително горди што сме тука“, продолжи Бастони.