
Фудбалерите на Париз Сен Жермен во среда од 21 часот го пречекуваат Арсенал во реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Парижаните го добија првиот натпревар во Лондон со 1:0 и се поблиску до пласман во нивното второ финале на елитното европско натпреварување, но и во Арсенал се надеваат дека можат да се борат за најпосакуваниот европски трофеј..
УЕФА ги одреди и судиите за натпреварот во Париз и сите арбитри ќе бидат од Германија.
За главен судија е назначен Феликс Цвајер, кому ќе му помагаат Роберт Кемптер и Кристијан Диц, додека четвртиот арбитар ќе биде Харм Осмерс. Во ВАР собата ќе седат Бастијан Данкрет и Бенџамин Бранд.
Главниот судија на другиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите Интер – Барселона ќе биде Полјакот Шјмон Марчинјак.
Фото: Arsenal/FB