
Во вторник ќе се игра реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Интер и Барселона. Сè уште е отворено бидејќи во првиот натпревар, кој се одигра во Шпанија, беше 3:3. Барселона сега објави кои играчи конкурираат за настап во Милано, а главната вест е дека се враќа Роберт Левандовски.
Левандовски не беше присутен во последните две недели поради повреда на мускулите, но изгледа дека сега е спремен за настап. Ханси Флик изјави: „Мора да почекаме и да видиме како ќе се развива ситуацијата. Можеби ќе се врати за реваншот. Роберт напредува многу добро и се опоравува побрзо од очекуваното. Тој е голем професионалец и секогаш напорно работи за да биде на 100 проценти.“
🚨 Екипата на Ханси Флик за #ИнтерБарса во @ChampionsLeague полуфиналето! pic.twitter.com/ASBjEZyycV
— ФК Барселона (@FCBarcelona) 5 мај 2025
Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓
И додека Левандовски се врати, во составот го нема десниот бек Жил Кунде, кој се повреди во првиот натпревар со Интер. Само неколку дена пред тоа, Кунде беше херој во „Ел Класико“ во финалето на Купот на Кралот, кога со гол во продолженијата ѝ донесе трофеј на Барселона. Исто така, не е спремен ни првиот лев бек Алехандро Балде.
Фото: FC Barcelona/X