Дома Фудбал Откриено зошто Трент се сели во Реал Мадрид: Ливерпул не можел да го понуди тоа што тој го сака

Откриено зошто Трент се сели во Реал Мадрид: Ливерпул не можел да го понуди тоа што тој го сака

Англискиот десен бек Трент Александер-Арнолд ќе стане нов фудбалер на Реал Мадрид каде што доаѓа како слободен играч од Ливерпул.

Денес беше соопштено дека дваесетешестгодишниот фудбалер на „црвените“ по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот по две децении поминати во него.

Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓


Така Ливерпул не успеа да го задржи и третиот член на „големата тројка“ за која толку се зборуваше во тековната сезона. Вирџил ван Дајк и Мохамед Салах потпишаа нови договори, а Трент ќе замине кон Мадрид.

Шпанските медиуми открија дека ќе потпише шестгодишен договор со Реал. Се верува дека бонусот за потписот ќе биде астрономски и дека договорот ќе биде прилично силен, бидејќи доаѓа како слободен агент.

Сега излегуваат на виделина и приказните околу преговорите со Ливерпул кои постоеја, но не завршија успешно за „црвените“. Наводно, клубот од „Енфилд“ му понудил да стане најплатен бек во Премиер лигата и во светот, но тој одбрал да продолжи со нови предизвици.

Како што самиот изјави, сака да продолжи да го истражува светот како фудбалер и да оди во нови предизвици на друго место.

„Не е во тоа дека сакам да најдам нешто подобро, туку станува збор за мене и моето лично патување како фудбалер и мислам дека сега е вистинското време да си заминам и да искусам нешто ново“, порача Трент во своето финално обраќање.

Тоа е единственото што Ливерпул не можеше да му го понуди.

Фото: Liverpool FC/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан успеа со пресврт да слави во Џенова

Фудбалерите на Милан ја победија Џенова на гостински терен (1:2) во последниот натпревар о…