Дома Фудбал Мурињо: Шампионот во првенството беше познат уште пред почетокот

Мурињо: Шампионот во првенството беше познат уште пред почетокот

Фудбалерите на Фенербахче беа поразени во истанбулското дерби од Бешикташ на домашен терен со 1:0 во натпреварот од 34-то коло на Супер лигата на Турција и сега само теоретски имаат шанси за титулата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Екипата на тренерот Жозе Мурињо, имат осум бодови помалку во однос на лидерот Галатасарај, четири кола пред завршување на првенството, а легендарниот Португалец веќе се збогува со борбата за титулата.

Мурињо смета дека шампионот на Турција се знаел и пред почетокот на првенството.

“Исходот на првенството беше решен и пред започнувањето на првенството. Одлучувачки беа натпреварите кои ги загубивме на домашен терен, но исходот на првенството беше јасен и пред да почне”, рече Португалецот, кој традиционално беше незадоволен од судењето.

“Пеналот кој беше досуден денес за Бешикташ, па тој што не беше досуден за Ен Несири… Видовме колку пати не ни беше досуден пенал како денешниот. Уморен сум од зборување! Воопшто не заслуживме да изгубиме”, беше незадоволен Мурињо.

Фото: Fenerbahce SK/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зошто ТВ-преносите од Америка изгледаат поинаку од европските? Ова е одговорот!

Ако сте гледале фудбалски натпревари од САД и во одреден момент сте помислиле дека преносо…