
Нов четвртфиналист во плеј-офот на НБА лигата е Голден Стејт Вориорс, кои вчера како гости во мајсторката славеа против Хјустон Рокетс со резултат 103:89.
Со тоа си обезбедија дуел со Минесота Тимбервулвс, кои претходно со 4:1 ги елиминираа ЛА Лејкерс, и станаа последниот тим во четвртфиналето.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Веќе во првиот дел Вориорс обезбедија двоцифрена предност, за да во третата четвртина Рокетс успеат да се доближат на три разлика.
Гостите потоа натпреварот го решија во своја полза во последната четвртина од натпреварот кога се „разбуди“ Кари.
Во првото полувреме постигна само три поени, но до крајот на натпреварот собра вкупно 22, со десет скока и седум асистенции.
Најефикасен на натпреварот беше Хилд со 33 поени и со извонреден процент на шут за три поени, девет од единаесет.