Дома Фудбал Конте: Победниците ја пишуваат историјата, другите само ја читаат

Конте: Победниците ја пишуваат историјата, другите само ја читаат

Антонио Конте, изрази задоволство од минималната победа од 0-1 на гостински терен против Лече, што го доближи неговиот тим до Скудетото.

„Ќе бидам искрен – ова беше важен чекор кон титулата, иако не е одлучувачки. Имав страв од овој натпревар, бидејќи Лече се бори за опстанок, а ние пристигнавме во тешка ситуација. Се надевам дека Лоботка ќе биде подготвен за следниот меч, затоа што моментално се распаѓаме. Ни недостигаат Нерес, Бонџорно, Жезус… Многумина мислат дека тоа е нормално, но Оливеира за првпат играше како централен дефанзивец под мое водство. Добро е што тимот реагираше позитивно на овие предизвици“, изјави Конте.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Ако Наполи ја освои титулата оваа сезона, тоа ќе биде историски успех за Конте – Скудето со трет различен клуб.

„Да почекаме прво да се случи тоа. Сум освојувал титули, но и сум губел во последен момент. Ониe што победуваат се запишуваат во историјата, другите само ја читаат“, заклучи Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аларм во ПСЖ: Дембеле повторно со болки!

Усман Дембеле можеби повторно се соочува со повреда на коленската тетива, овојпат за време…