Дома Фудбал Артета во големи проблеми пред реваншот против ПСЖ

Артета во големи проблеми пред реваншот против ПСЖ

По три дена ќе се одигра реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Арсенал, а Микел Артета доби лоши вести пред овој натпревар.

Минатиот вторник се одигра првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Арсенал и ПСЖ.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Парижаните победија на „Емирати“ со резултат 1:0, а единствениот стрелец на овој меч беше Усман Дембеле.

Вчера Арсенал одигра натпревар против Бормут во рамките на 35-то коло од англиската Премиер лига и, за изненадување на многумина, загуби со 2:1.

Јуријен Тимбер не беше ни во почетниот состав, ни на клупата и изгледа станува збор за повреда.

Холанѓанецот на натпреварот против ПСЖ го напушти теренот во 83. минута кога беше заменет од Бен Вајт.

Како што наведуваат француските медиуми, станува збор за нешто потешка повреда поради која нема да може да игра на големиот реванш против ПСЖ.

Фото: Грок АИ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тер Штеген ги отфрли шпекулациите дека ќе го напушти Барселона

Голманот на германската репрезентација Марк-Андре Тер Штеген ги отфрли информациите во нек…