Дома Фудбал Барселона освои три бода, но по мечот Флик ги загрижи навивачите

Барселона освои три бода, но по мечот Флик ги загрижи навивачите

Барселона синоќа на гости по пресврт го победи Ваљадолид со 2:1 во натпревар од 34. коло на шпанската Ла Лига, а Ханси Флик не можеше да биде премногу среќен по натпреварот.

Каталонскиот тим со многу мака успеа да стигне до победата во Ваљадолид и да ја зголеми предноста на седум бода во однос на Реал Мадрид кој денеска го игра својот натпревар.

Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓


Флик синоќа одмори голем дел од првотимците затоа што веќе во вторник го чека Барселона реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите на „Џузепе Меаца“ против Интер.

Сепак, резервните играчи кои сезонава не одиграа многу на вчерашниот натпревар не ги оправдаа очекувањата, па Флик во второто полувреме мораше да ги внесе своите најдобри играчи кога неговиот тим губеше со 1:0.

Флик по натпреварот не беше премногу задоволен од играта на својата екипа и е свесен дека Барселона на крајот со многу среќа успеа да стигне до трите бода против Ваљадолид кој веќе испадна во Сегунда.

„Денеска можевме да играме подобро, но најважни се трите бода. Нема да ве лажам, сите видовме дека имавме проблеми вечерва. Невозможно беше на почетокот, но среќата ни се насмевна на крајот и сега сме на плус седум во однос на второпласираниот” рече Флик.

Тој се осврна и на фактот дека навистина не планираше да ги внесе Ламине Јамал и Рафиња, но околностите едноставно го бараа тоа.

„Резултатот од првото полувреме не ми ги промени плановите затоа што веднаш реков дека Педри и Френки ќе добијат по едно полувреме. Ламине влезе порано затоа што Дани се повреди, а Рафинја исто така мораше да влезе за да ја доведеме играта во наша корист“.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн е шампион. Кејн конечно освои титула

Две кола пред крајот, по нерешениот натпревар на Леверкузен во Фрајбург, Баерн дефинитивно…