Дома Фудбал Арсенал сака ѕвезда на Реал Мадрид, Перез им побара „само“ 100 милиони евра

Арсенал сака ѕвезда на Реал Мадрид, Перез им побара „само“ 100 милиони евра

Пред неколку дена во шпанските медиуми се појави вест дека Родриго сака да го напушти Реал Мадрид бидејќи не е задоволен со својот статус во тимот, а наводно, Кралевите веќе одредиле цена за него, бидејќи еден клуб ги контактирал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Родриго претходните сезони беше играч кој одлучуваше многу натпревари за Реал Мадрид, но со доаѓањето на Килијан Мбапе, неговиот статус се промени.

Шпанските медиуми пишуваат дека Родриго му замерува на Карло Анчелоти што е сосема во втор план откако пристигна Мбапе и не сака повеќе да биде во сенка на одредени играчи и е подготвен да го напушти клубот.

Исто така, Родриго веќе ги известил раководството дека сака да си замине, и ќе остане само ако новиот тренер разговара со него и го убеди.

Ако Родриго навистина сака да замине од Реал Мадрид, тогаш тоа ќе го може направи ако некој клуб плати најмалку 100 милиони евра за него, а Перез јасно порача дека не планира да го пушти за помала сума.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо испрати порака до Арсенал по интересот за Винициус Жуниор

Жозе Мурињо сака Реал Мадрид да ги одбие сите обиди од Арсенал да го потпишат бразилскиот …