Дома Фудбал Челзи испиша историја во Премиер лигата: Вакво нешто не направил ниту еден друг клуб!

Челзи испиша историја во Премиер лигата: Вакво нешто не направил ниту еден друг клуб!

Интересна одлука на стручниот штаб на Сините, а очигледно е и зошто така направиле.

Челзи постави нов рекорд во Премиер лигата по тоа што во 34 последователни натпревари не користи ниту еден фудбалер постар од 27 години.

Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓


Под водство на Енцо Мареска, Сините целосно се ориентираа кон младоста, а нивниот најстар играч во составот всушност е третиот голман.

Маркус Бетинели, кој последен пат беше меѓу стативите пред четири години, сега има 32 години и не е сериозно во плановите на Мареска.

Меѓутоа, сета таа младост на Челзи им се исплати затоа што сега се на четвртата позиција и се многу блиску до влегување во финалето на Конференциската лига.

Секако, ваков рекорд ќе биде многу тешко да се постигне со оглед на тоа што натпреварите во Премиер лигата бараат да имате и неколку искусни фудбалери на теренот.

Во оваа сезона во Премиер лигата, Челзи собра 17 победи, девет нерешени резултати и осум порази.

Во моментов се во многу добра форма во Англија, каде што последниот пораз го запишаа на 22 февруари против тимот на Астон Вила со 2:1.

Најдобрите стрелци на екипата во оваа сезона се Кристофер Нкунку со 14 голови, како и Коул Палмер со 14 голови и дури девет асистенции.

Освен нив, се истакнуваат и Никола Џексон со 12 голови и Нони Мадуеке со 11 голови.

Ќе биде многу интересно да се види колку долго оваа млада екипа на Челзи ќе остане на куп и колку далеку можат да стигнат следната сезона.

Фото: Chelsea FC/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал сака ѕвезда на Реал Мадрид, Перез им побара „само“ 100 милиони евра

Пред неколку дена во шпанските медиуми се појави вест дека Родриго сака да го напушти Реал…