Дома Останати Кошарка Грег Попович повеќе не е тренер на Сан Антонио

Грег Попович повеќе не е тренер на Сан Антонио

Грег Попович, еден од најтрофејните тренери во историјата на НБА лигата и долгогодишен стратег на Сан Антонио Спарс, официјално повеќе нема да биде главен тренер на оваа франшиза. Веста денес ја потврди угледниот новинар Шамс Чаранија. Тој нагласи дека Попович останува во клубот, но ќе ја задржи функцијата како претседател на Спарсите. Со тоа завршува неговата импресивна тренерска ера која траеше цели 29 сезони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Попович веќе некое време беше отсутен од клупата поради здравствени проблеми, а последните месеци тимот го водеше неговиот долгогодишен асистент Мич Џонсон.

Одлуката Попович да се повлече од тренерската позиција и да се посвети на функцијата претседател на клубот означува почеток на нова ера за Спарсите, но и продолжување на влијанието на Попович врз иднината на франшизата преку стратешко водење.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Леброн Џејмс ќе потроши еден куп пари за транспорт – ќе лета со хеликоптер до новиот тим!?

Една од најинтересните теми по преминот на Леброн Џејмс во Филаделфија не е врзана за тере…