Дома Фудбал Трент може да премине во Реал Мадрид порано од очекуваното

Трент може да премине во Реал Мадрид порано од очекуваното

Одбранбениот играч на Ливерпул Трент Александер-Арнолд ги минува своите последни денови во клубот. Англискиот репрезентативец одби да го обнови договорот и се очекува како слободен агент да премине во Реал Мадрид.

Меѓу двата клуба се водат преговори повторно за одбранбениот играч да се приклучи на „белите“ уште пред почетокот на Светското клубско првенство на 15 јуни.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ливерпул е подготвен да се согласи на оваа опција со компензација од 1 милион евра, а покрај тоа самиот играч треба да се откаже од својата плата за јуни, која исто така изнесува околу 1 милион евра.

Сегашниот договор на Александер-Арнолд со Ливерпул истекува на 30 јуни.

Светското клубско првенство ќе се одржи во САД, а финалето е закажано за 13 јули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид подготвувал спектакуларна размена со Арсенал – познато кои фудбалери биле вклучени

Реал планираше да размени играчи со Арсенал. Бразилскиот напаѓач Родриго (24) ќе заминеше …