Дома Фудбал Се од почетокот: Договорот на Анчелоти со Бразил сепак не пропаднал?!

Се од почетокот: Договорот на Анчелоти со Бразил сепак не пропаднал?!

Карло Анчелоти на крајот сепак преговара со челниците на репрезентацијата на Бразил, потврдија за AP два анонимни извори од Бразилската фудбалска конфедерација (CBF).

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во преговорите учествуваат претседателот на CBF Едналдо Родригес и директорот на репрезентацијата Родриго Каетано.

Бразил е без селектор од 28-ми март, откако Доривал Жуниор доби отказ три дена по поразот од Аргентина (1:4) во Буенос Аирес.

Пред два дена се појави информација од шпанската „Марка“ дека Анчелоти ги прекинал преговорите со Бразил поради можен замин во Саудиска Арабија, но изгледа дека не биле толку строги одлуките, барем не уште.

Тој призна дека во Бразил се надеваат дека ќе го претстават новиот селектор на фудбалската репрезентација на оваа земја пред 20-ти мај, кога треба да се објави списокот за две натпревари од квалификациите за Светското првенство 2026, кои ќе се играат во јуни.

Фото: Real Madrid C.F/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ подготвен да ризикува за Милан? Италијанците го открија неговиот план

Лука Модриќ не сака да ја пропушти финишот на сезоната. Од Италија доаѓаат информации дека…