Дома Фудбал Ќе има емоции: Де Хеа се враќа повторно на „Олд Трафорд“

Ќе има емоции: Де Хеа се враќа повторно на „Олд Трафорд“

Нема дилема каде ќе биде Давид Де Хеа по завршувањето на оваа сезона. Фиорентина има опција да го продолжи договорот за уште една година, што и ќе го направи ако се има предвид како шпанскиот голман бранеше оваа сезона.

Цела година паузираше Де Хеа, не бранеше никаде по заминувањето од Манчестер јунајтед, а Фиорентина е полн погодок.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сега дојде времето за неговото враќање на „Олд Трафорд“, но како играч на „виолетовите“.

Манчестер јунајтед договори пријателски натпревар против Фиорентина на 9 август, што ќе биде последната проверка за екипата на Рубен Аморим пред почетокот на првенството.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Азар: Денеска се чувствувам како таксист!

Изминаа речиси три години откако Белгиецот Един Азар, по бурниот период исполнет со повред…