
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити Пеп Гвардиола денес изјави дека е горд на играта на неговиот поранешен клуб Барселона и дека стадионите се полни поради натпревари како оној во полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу овој шпански клуб и Интер.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Барселона на својот терен одигра нерешено 3:3 против Интер, во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите, еден од најинтересните натпревари оваа сезона во ова натпреварување.
„Бев изненаден колку беше убав натпреварот. Благодарение на ваквите натпревари, стадионите никогаш нема да бидат празни и нашата работа ќе расте. Можам само да бидам благодарен за двете полуфиналиња, и двете беа извонредни, особено вчерашното. Кога играте како Барселона, стадионите никогаш нема да бидат празни и од тоа можеме долго да живееме. Резултатите не се важни, ние што ја сакаме Барселона можеме да бидеме многу горди“, изјави Гвардиола, пренесе Мундо Депортиво.
Фото: Принтскрин