Дома Фудбал Инзаги: Јамал е играч каков не сум видел со години. Моравме да го чуваме со тројца

Инзаги: Јамал е играч каков не сум видел со години. Моравме да го чуваме со тројца

Барселона и Интер одиграа нерешено 3:3 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите. Во спектакуларниот дуел на Монжик, Интер водеше со 2:0 и 3:2, но Барселона ја надоместуваше негативата и на крајот дојде до реми. Финалистот ќе биде одлучен во вторник, кога од 21 часот е закажан реваншот во Милано.

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги го коментираше натпреварот, на кого не му е јасно зошто беше поништен голот на Хенрих Мхитарјан за 4:3:

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


“Огромно задоволство, одигравме одличен натпревар. Двојна предност, поништен гол за кој сѐ уште не разбирам зошто беше поништен. Одигравме одлично против најсилната екипа во светот. Во второто полувреме, според мене, одигравме на многу високо ниво. Тоа беше многу организирана претстава. Инаку не може да се одигра ваков натпревар овде. Гол избришан за милиметар? Тоа се работи што прават разлика, но не би го смениле моето мислење за оваа екипа”, започна Инзаги.

Импресиониран е од настапот на Ламин Јамал, кој стана најмладиот стрелец во историјата на полуфиналето на Лигата на шампионите: “На другата страна видов фудбалер каков не сум видел последните 8-9 години. Ни задаваше огромни проблеми, оти моравме да го дуплираме во одбрана секој пат, а ниту тоа не беше доволно, па понекогаш го чувавме и со тројца, поради што им се отвораа простори на други делови од теренот и бевме принудени да се повлечеме подлабоко. За среќа, и тој со времето изгуби на интензитет”, рече и Инзаги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик: Во реваншот ќе мораме подобро

Тренерот на фудбалерите на Барселона, Ханси Флик, изјави дека неговите играчи мораат да иг…