Дома Фудбал Манчестер Јунајтед доби одлични вести пред полуфиналето во Лига Европа

Манчестер Јунајтед доби одлични вести пред полуфиналето во Лига Европа

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Амад Дијало и Матијас де Лихт, повторно започнаа со тренинг со својот тим пред првиот натпревар од полуфиналето во Лига Европа против Атлетик Билбао.

Дијало поради повреда на глуждот ги пропушти натпреварите против Олимпик Лион и Реал Сосиедад, додека де Лихт е отсутен од теренот од 1 април.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


„Беше одлично да се види како Амад учествува со тимот, додека и Де Лихт беше присутен. Останува да се види дали двајцата ќе патуваат за Шпанија“, пишува во денешната објава на веб-сајтот на Манчестер Јунајтед.

Манчестер Јунајтед ќе игра на гостински терен во Билбао против Атлетик во четврток во 21 часот, во првиот натпревар од полуфиналето во Лига Европа.

Дијало постигна девет голови на вкупно 36 натпревари за Манчестер Јунајтед оваа сезона, додека де Лихт одигра 40 натпревари за англискиот клуб откако дојде минатото лето.

Тоби Колиер тренира индивидуално, Лисандро Мартинез и Џошуа Зиркзе ја завршија сезоната поради повреди, додека Диого Дало го пропушти натпреварот против Борнмут поради повреда на листот, додаваат на сајтот на клубот од Манчестер.

Манчестер Јунајтед се наоѓа на 14. место на табелата во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спектакл со шест гола но без победник (видео)

Барселона и Интер вечерва го одиграа еден од најдобрите натпревари во Лигата на шампионите…