Дома Фудбал Навивачите речиси и да го заборавија, а тој потпиша нов договор со Јувентус

Навивачите речиси и да го заборавија, а тој потпиша нов договор со Јувентус

Полскиот фудбалер Аркадиуш Милик потпиша нов договор со Јувентус, соопшти денеска италијанскиот клуб.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Милик (31) игра на позицијата напаѓач, а со Јувентус потпиша договор до 30 јуни 2027 година.

Полскиот фудбалер нема одиграно ниту еден натпревар оваа сезона откако се повреди минатата година пред почетокот на Европското првенство.

Тој се приклучи на Јувентус во 2022 година и во тој период одигра 75 натпревари на кои постигна 17 гола.

Екипата од Торино се наоѓа на четвртото место на табелата во Серија А со 62 поени, а во следното коло ќе гостува кај Болоња со која се бори за пласман во Лигата на шампионите.

Фото: Juventus FC/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се појави првиот фаворит: Еве каде може Влаховиќ да продолжи

Вчера конечно беше решена една дилема. Душан Влаховиќ го напушта Јувентус како слободен иг…