
Коби Брајант, еден од најдобрите кошаркари на сите времиња и симболот на Лос Анџелес Лејкерс, го загуби животот на 26 јануари 2020 година во пад на хеликоптер. Имаше 41 година. Покрај него, загинаа и неговата ќерка Џиана (13) и уште седум луѓе во леталото. Оттогаш, многу улици во Лос Анџелес се украсени со мурали посветени на Коби.
Меѓутоа, неодамна еден од најпознатите мурали беше уништен. Лука Дончиќ, новата ѕвезда на Лејкерс, ги воодушеви сите со тоа што донираше пари за неговата обнова. На Инстаграм, “kobemural” објави дека Дончиќ донирал пет илјади долари за да се прецрта муралот.
Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Фото: Принтскрин