Дома Фудбал Голем пресврт: Анчелоти се предомисли. Реал и Бразил бесни, Саудијците влетаа.

Голем пресврт: Анчелоти се предомисли. Реал и Бразил бесни, Саудијците влетаа.

Голем пресврт во зделката која се чинеше решена. Доцна синоќа, Maрка, Фабрицио Романо и бразилскиот Глобо објавија дека пропадна веќе договореното преминување на Карло Анчелоти од Реал на местото селектор на Бразил.

“Анчелоти вчера замина во Лондон за да потпише договор со Фудбалската федерација на Бразил. Тоа не го направи, но агентите задолжени за реализација на зделката очекуваа Анчелоти тоа да го направи денеска во Мадрид. Меѓутоа, од тоа нема да биде ништо затоа што Анчелоти им кажа дека сепак нема да ја прифати понудата. Тој лично го повика Едналдо Родригес, претседателот на федерацијата, и му се заблагодари на понудата”, пишува Marca и додава:

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


“Анчелоти сега размислува за раскошната понуда од Саудиска Арабија тежка 50 милиони евра по сезона.” Во текот на ноќта, шпанските медиуми објавија дека толку му нуди Ал Хилал на тренерот на Реал.

Maркa продолжува: “Факт е дека Бразил и Анчелоти разговараа, но Италијанецот потоа се повлече од договорот. Тоа се случи откако Бразилците беа непријатно изненадени кога Анчелоти им кажа дека не може да ја преземе репрезентацијата во јуни, како што сакале во Бразил, туку во август, затоа што очекувале Анчелоти да добие дозвола од Реал да замине пред клубското СП кое почнува средината на јуни.

Она што дефинитивно ја уништи зделката е неодоливата понуда што Анчелоти ја доби од Арабија. Ова е веќе втор пат во помалку од една година Анчелоти да се повлече откако сè договори со Бразил бидејќи истото го направи и минатото лето.”

Истиот извор потсетува: “Се чинеше дека последната бразилска офанзива на Анчелоти успеа. Бизнисменот Диего Фернандес беше на Бернабеу на натпреварот против Арсенал, а завршните детали од договорот со Анчелоти ги договори по финалето на Кралскиот куп во Севиља. Но, вчерашното патување на Анчелоти во Лондон беше без договор со Реал за напуштање на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ракитиќ: Јамал не би бил стартер во мојата Барселона

Иван Ракитиќ е играч на Хајдук, но со оглед на феноменалната кариера во Барселона и Севилј…