Дома Фудбал Англија Легендата на Ливерпул „удри“ по Клоп: Играта нема смисла, а тимот нема лидер!

Легендата на Ливерпул „удри“ по Клоп: Играта нема смисла, а тимот нема лидер!

После победата на Ливерпул над Марибор од 3:0 во ЛШ, играта на „црвените“ ја анализираше легендарниот капитен Сами Хипија.

Ливерпул оваа сезона во 10 првенствени натпревари прими 16 гола, а единствен тим кого успеаа да го победат во Лига на шампиони е Марибор.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Хипија, кој е жива легенда на клубот од „Енфилд“ смета дека играта на Клоп е премногу офанзивна и нема смисла.

„Убаво е да се гледа напаѓачки фудбал, но ова во Ливерпул е премногу. Мора да имате равнотежа во играта, сите линии мораат да играат одбрана, а тоа не е случај со тимот на Клоп. Покрај тоа последната линија на Ливерпул стои практично на центарот, а со малку поспори дефанзивци тоа е голем проблем“, смета Хипија, кој потоа го посочи главниот проблем.

„Играчите воопшто не комуницираат, како да не играат заедно. Видов неколку ситуации каде не знаат кој кого го покрива. Но, најважно е што овој тим нема лидер. Некој мора да ја преземе одговорноста на теренот и да им наредува на играчите. Комуникацијата е најважна“, заклучи Финецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…