
Лошите игри и поразите на Новак Ѓоковиќ оваа година се толку изненадувачки за тенискиот свет што се појавуваат сè поневообичаени теории зошто се случува тоа.
Зошто Новак губи натпревари од играчи кои се далеку под него по сè постигнато, зошто на четири од последните пет турнири е елиминиран на стартот, зошто игра така бледо… Секако, фактот дека за околу три недели полни 38 години е една од очигледните причини, но се бараат и оние скриени.
Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Една од побизарните теории ја пренесува францускиот сајт „Ние го сакаме тенисот“. Се вика „теорија на големото блефирање“ и звучи вака – Ноле намерно губи за да дојде на Ролан Гарос без притисок.
„Иако сезоната ја започна со полуфинале на Австралија опен, па следеше финале во Мајами, Србот ни понуди две партии недостојни за неговиот талент, иако треба да се има предвид дека неговите ривали играа одлично“, потсетија Французите на поразите на Новак во Монте Карло против Чилеанецот Табило и во Мадрид против Италијанецот Арналди.
Фото: Novak Djokovic/FBDjokovic, la théorie du grand bluff n’est pas dénoué de sens… https://t.co/FJZqj2RhMw
— We Love Tennis (@Welovetennis) April 28, 2025