Дома Фудбал За Елмас враќањето во Неапол беше посебно: Тука освоив Скудето и куп!

За Елмас враќањето во Неапол беше посебно: Тука освоив Скудето и куп!

По враќањето на стадионот каде што го доживеа еден од најголемите успеси во кариерата, македонскиот фудбалски маестро Елиф Елмас повторно ги разбуди спомените од златната ера со Наполи.

Елмас, кој сега настапува за Торино како позајмен играч од Лајпциг, не криеше дека Неапол засекогаш ќе има посебно место во неговото срце.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Тука освоив Скудето и Купот на Италија. Убаво е повторно да се биде во Неапол. Како и тогаш и сега во Наполи има одлични играчи и тренери. Има уште четири кола до крајот, ќе видиме што ќе се случи“, искрено рече Елмас, чии зборови звучат како одек од едно славно фудбалско минато.

Но иднината му е неизвесна. Иако во Торино се чувствува пријатно, признава дека сè уште не знае каде ќе ја продолжи кариерата.

„Многу ми е убаво овде, имаме квалитетни играчи и силен тренер. Сепак, рано е да зборувам за тоа. Се трудам секогаш да давам максимум. Одиме натпревар по натпревар, а за останатото одлучуваат претседателите на Торино и Лајпциг“.

Фото: Torino F.C/X

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн има страшен старт на сезоната – девет победи на девет меча!

Баерн Минхен ја започна сезоната на фантастичен начин – со максимален ефект во сите …