Дома Фудбал Кунде по финалето во Купот: Играм фудбал за да доживеам вакви натпревари

Кунде по финалето во Купот: Играм фудбал за да доживеам вакви натпревари

Францускиот десен бек Жил Кунде, по постигнувањето на голот во 116. минута за победа на Барселона против Реал со 3:2 во финалето на Купот на Кралот во Севиља, изјави дека станал фудбалер за да доживее вакви натпревари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станав фудбалер за да доживеам вакви натпревари. Ел Класико е најголемиот натпревар во Европа и во светот. Ова е финалето на Купот на кралот кое носи трофеј за тимот, така што имаше навистина многу емоции. Дали ова е најдобриот момент во мојата кариера? Тешко е да се каже, но многу го ценам“, изјави Кунде по освојувањето на трофејот.

Барселона сè уште има шанси да ја освои „тројната круна“, бидејќи ја очекува полуфинале во Лигата на шампионите со Интер, а во шпанската Ла Лига има четири бода повеќе од Реал, пет кола до крајот.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бизарна традиција во Шпанија: Двајца светски шампиони за награда добија гајба доманти!

Откако Фабијан Руиз и Гави, двете звезди на шпанската фудбалска репрезентација, триумфираа…