
Менаџерот на фудбалскиот клуб Ливерпул, Арне Слот, изјави дека е горд на целиот тим и додаде дека екипата од Енфилд заслужено ја освои титулата во Премиер лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фудбалерите на Ливерпул денеска ја обезбедија титулата првак на Англија, откако на свој терен го победија Тотенхем со 5:1 во натпревар од 34-тото коло на Премиер лигата.
– Чувството е одлично. Сакам да му изразам благодарност на Јирген Клоп – рече Слот, кој минатата година го замени Клоп на позицијата менаџер на Ливерпул.
Слот издвои дека Ливерпул заслужено го победи Тотенхем.
– Беше јасно дека овој натпревар не смееме да го изгубиме. Сите во автобусот велеа дека нема шанси да загубиме. Неверојатно сум горд, не само на играчите, туку и на спортските директори, членовите на мојот стручлен штаб… Сите заслужуваат голем аплауз – истакна холандскиот стручњак.
Со триумфот против Тотенхем, Ливерпул стигна до 20-тата титула во историјата на клубот.
– Да заборавиме дека ова е втор пат во 35 години, туку да кажеме дека е втор пат во последните пет години – заклучи Слот.